Оддел за Детска Офталмологија и Страбологија: Промедика Офталмологија секогаш во чекор со светските трендови

Оддел за Детска Офталмологија и Страбологија: Промедика Офталмологија секогаш во чекор со светските трендови

Во Промедика Офталмологија, секогаш сме во чекор со најновите трендови и иновации во областа на офталмологијата. Нашата посветеност кон постојано надградување на нашите знаења и вештини не прави водечка очна болница која ја нуди најдобрата грижа за пациентите во земјата, како и во другите области, така и во третманот на детска офталмологија и страбологија.

Промедика Офталмологија константно работи на усовршување и дообучување на своите офталмолози, со цел да бидеме во чекор со светските трендови и најновите методи на лекување за да можеме да го понудиме најдоброто за нашите пациенти. Како доказ за тоа, Д-р Викторија Филева Фотевска, како офталмолог во нашата болница од кого Одделот за Детска офталмологија и Страбологија е предводен, моментално учествува на меѓународна работилница и предавање за да дополнително го надгради своето знаење и своите вештини. Предавањето беше од страна на Dr Kenneth Wright.

Ние не само што ги следиме, туку и активно ги применуваме најновите трендови и методи на лекување. Учеството на Д-р Викторија Филева Фотевска во овие престижни обуки е дел од нашата посветеност да обезбедиме најдобра грижа за нашите пациенти.

Eylea 8mg: Инјекции кои го спасуваат видот

Eylea 8mg: Инјекции кои го спасуваат видот

Промедика Офталмологија го направи својот прв чекор во примената на најновата терапија Eylea 8mg, напреден лек за третман на ретинолошки заболувања. Денес, д-р Златко Чипуровски го аплицираше овој револуционерен нов лек кај двајца пациенти, што претставува значаен момент за нашата болница.

Што е Eylea 8mg и за кого е наменет?

Eylea 8mg е најновата верзија на овој веќе добро познат и докажан лек кој се користи за третман на ретинолошки очни состојби како што се влажната макуларна дегенерација и дијабетичната ретинопатија. Овие состојби често водат до значителен губиток на видот ако не се третираат правилно и навремено. Eylea 8mg е наменет за пациенти кои се соочуваат со овие заболувања и бараат ефикасен третман што обезбедува долготрајна заштита на нивниот вид.

Како функционира Eylea 8mg?

За споредба со Eylea лекот кој го аплицираме веќе со години наназад кај пациенти, Eylea 8mg се разликува во тоа што има поголема концентрација, што овозможува поретка апликација. Пациентите можат да добијат подолготрајна заштита со помалку инјекции, што го прави третманот поудобен и поефикасен. Овој лек делува со блокирање на протеините кои предизвикуваат абнормален раст на крвните садови во окото, со што се спречува оштетување на мрежницата и се подобрува или стабилизира видот.

Примена во Промедика Офталмологија

Денешното аплицирање на Eylea 8mg од страна на д-р Златко Чипуровски е важен чекор во напорите на Промедика Офталмологија да обезбеди најсовремени терапии за своите пациенти. Овој напредок не само што го подобрува квалитетот на животот на пациентите, туку и ги позиционира нашите услуги како лидер во офталмологијата.

Ние сме горди што можеме да им понудиме на нашите пациенти пристап до најновите медицински достигнувања и ќе продолжиме да вложуваме во нивната грижа и здравје.

Промедика Офталмологија го воведе првиот и најсовремен ласер во земјата за ретинолошки болести

Промедика Офталмологија го воведе првиот и најсовремен ласер во земјата за ретинолошки болести

Најсовремен ласер во земјата за ретинолошки болести

Промедика Офталмологија со гордост го претставува Easyret 577 nm жолтиот ласер, револуционерна технологија за третман на пациенти со ретинални болести. Ние сме единствена болница во земјата што го воведува овој ласер и со истиот ќе може да се лекуваат пациентите со ретинолошки состојби како дијабетична ретинопатија, цистоиден макуларен едем и длабоки воспаленија во окото.
 
 
Овој ласер претставува дополнување на анти-VEGF терапијата, делува со стимулaција на клетките, помагајќи им да се обноват и да ја повратат својата нормална функција, без да оштетува ткивото или да остава ласерски траги. Исто така, Easyret 577 nm е воедно и нова надеж за пациентите кои не можат да се лекуваат со анти-VEGF терпијата и го проширува списокотна болести кои можат да се лекуваат во нашата земја.
 
 
 
Со Easyret 577 nm, пациентите добиваат побезбеден и помалку инвазивен третман, со значително подобрени шанси за закрепнување. Во Промедика Офталмологија, ние продолжуваме да го предводиме развојот на модерните технологии во офталмологијата, обезбедувајќи ги најдобрите можни решенија за нашите пациенти.
 
Со овој ласер, повторно докажуваме дека Промедика Офталмологија е секогаш во чекор со модерните технологии во светот а воедно и лидер во земјата.

Тимот на Промедика Офталмологија завзема учество на ,,ESCRS 2024”

Тимот на Промедика Офталмологија завзема учество на ,,ESCRS 2024”

Нашиот тим зазема учество на 42. ,,ESCRS 2024” конгрес кој се одржа во Барселона, Шпанија со почеток од 6 септември и истиот траеше четири дена. Нашата очна болница беше претставена од Д-р Наум Трпеноски, Д-р Ивана Пековска, Д-р Кристина Шишарица. Еден од менторите на овој престижен конгресот беше и Доц. Д-р Билјана Костовска која на учесниците им ги пренесе клучните хируршки вештини и знаења потребни за успешна кариера во катарактната хирургија.

Поволност “Плаќање на рати”

Поволност “Плаќање на рати”

Што значи поволноста “плаќање на рати”?

Со нашата поволност “плаќање на рати” сега можете да ја направите интервенцијата која ви е потребна и да платите за истата подоцна. Учесникот/пациентот е потребно да плати 30% од вкупната сума најкасно до денот на интервенцијата, а останатите 70% од вкупната сума се распределуваат на 10 еднакви месечни рати. Оваа понуда важи за сите интервенции и може да ја користат сите пациенти кој имаат потешкотии со плаќање.

Поволноста “плаќање на рати” е со 0% камата, едноставна, брза и без никакви дополнителни или скриени трошоци. Исто така, поволноста не инволвира банка ниту ќе имате потреба да пополнувате никакви банкарски формулари ниту пак да платите билокакви банкарски провизии и трошоци.

Сите пациенти кои се заинтересирани да ја искористат оваа наша поволност, ќе имаат можност да го направат прегледот и самата интервенција во ист ден.

Како можам да ја искористам оваа поволност?

Доколку сте заинтересирани да направите некоја од интервенциите и да ја искористите поволноста “плаќање на рати”, може да не исконтактирате на 071 301 301. Нашиот тим ќе ви ги даде сите потребни информации и ќе ве спроведе низ целата процедура, за да вие го добиете јасниот вид кој го заслужувате со помош на нашата флексибилна поволност.