Некои од состојбите кои може да доведат до појава на амблиопија се:
Рефрактивни грешки: Овде се вбројуваат вообичаени проблеми со видот, како кратковидост (проблем со гледање на далечина), далекувидост (проблеми со гледање на близина) и астигматизам (што доведува до заматен вид). Нормално, овие проблеми се решаваат со носење очила или контактни леќи. Но, доколку останат нетретирани, мозокот може да почне да се потпира повеќе на окото со посилен вид.
Страбизам: Обично, очите се движат заедно како пар. Но, кај децата со страбизам очите не се синхронизирани во нивните движења. Едното око може да се подместува повеќе кон внатре, кон надвор, нагоре или надолу.
Катаракта: Катарактата претставува заматување на природната леќа на окото, при што видот станува заматен. Обично катарактата се појавува кај постари луѓе, но постојат и видови на катаракта кои може да се појават и кај бебиња и деца.
Некои деца се родени со амблиопија, а други ја развиваат подоцна во детството.
Шансите за амблиопија се поголеми кај децата кои:
• Предвремено се родени
• Родени се со помала од просечната тежина
• Имаат семејна историја на амблиопија, катаракта во детство или други состојби на окото
• Имаат пречки во развојот