ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ ЗА ЦЕНТАРОТ ЗА СУВО ОКО
Синдром на суво око претставува хронична, мултифакториелна, прогресивна состојба која се манифестира како недостаток на лачење на доволно количество солзи или пак постојат промени во нивниот квалитет.
Дефиниција
Синдром на суво око претставува хронична, мултифакториелна, прогресивна состојба која се манифестира како недостаток на лачење на доволно количество солзи или пак постојат промени во нивниот квалитет. Сето ова резултира со недоволна влажност на очите. Иако не секогаш може да се отстрани причината која доведува до појава на овој синдром, сепак поликлиниката Промедика Офталмологија има решение за третман на сувото око.
Причини за појава на суво око
Современиот начин на живот кој вклучува подолга работа пред компјутер, возење автомобил, изложување на вештачки извори на светлина, носење контактни леќи, како и климатизацијата ја зголемува можноста за појава на синдромот на суво око.
Синдромот на суво око може да се појави на било која возраст, но сепак најчесто се среќава кај луѓето над 50 годишна возраст.
Симптоми на суво око
Симптомите вклучуваат чувство на пецкање, печење, чувство на песок или туѓо тело во очите. Сувото око исто така може да доведе до чувство на непријатност и замор поради иритација и оштетување на солзниот филм. Во зависност од степенот на суво око, симптомите можат да бидат болка (главоболки) и чувствителност на светлина.
Третман
Денес на пазарот постојат голем број на достапни вештачки солзи од различни производители и со различен состав. Пред да се земат било какви вештачки солзи на своја рака, треба да се направи преглед кај офталмолог за да се утврди точно кој слој од солзниот филм го нема или е со намален квалитет, па со тоа ќе се утврди и точниот состав на вештачките солзи кои би можеле да помогнат во конкретниот случај.
Многу често кај пациентите кај кои симптомите на суво око траат подолг период, капките за суво око имаат минимален или никаков ефект во смирувањето на иритирачките симптоми. Тогаш потребно е да се направат дополнителни испитувања кај офталмолог и во зависност од причината која доведува до појава на симптомите да се одбере и соодветен третман.
Smart очила
До неодамна достапни третмани за амблиопија (мрзливо око) беа носењето очила, користење капки за очи, визуелни тераписки вежби и како најефикасно носењето на лепенка. Иако лепенката за око се покажало како најефективно решение, сепак може да доведе до појава на некои несакани ефекти како:
- Опасност од здравото око да се претвори во мрзливо око како резултат на носење на лепенка;
- Прекумерното носење на лепенка може на влијае на нормалното циркулирање на солзите низ окото;
- Можност за појава на алергиска реакција на лепенката;Самата лепенка може да доеведе до покачување на температурата на окото доколку се носи подолго време;
- Потешкотии во усогласувањето бидејќи родителите треба да се придржуваат до стриктно опеределено време за ставање и вадење на лепенката.
- Како најбитно детето се соочува со социјална стигма што може да влијае на неговиот нормален психички развој.
Vidi Smart очилата работат на принцип на принудување на мрзливото око да работи правилно. Доминантното око постепено се затвара од специјалното стакло изработено од течни кристали, притоа затварањето настанува на специфично определени и прилагодени временски интервали. Главната задача на овие очила е многу слична на лепенката за око. Разликата е што со овие наочари мрзливото око се затвара редовно и по електронски пат.
Vidi Smart очилата ќе му помогнат на вашето дете полесно да се привикне на третманот за мрзливо око. Овие очила се уникатни и единствени во светот.
Бројни интернационални клинички студии сведочат за ефективноста на овој третман за слабовидост. Несакани ефекти не се опишани.
Амблиокор-01-3
Методот на обновување на визуелните функции предложен од наша страна е базиран на биофидбек саморегулација, во услови на затворен круг: мрежницата на окото – кортикални центри на визуелниот анализатор – систем на видео-компјутер. Методот се заснова на принцип на адаптивна биоконтрола.
За време на третманот, пациентот е пред ТВ-екран на кој што е пуштено интересно видео. Кај него се регистрира електроенцефалограм (ЕЕГ) со визуелната проекција од кортексот на мозокот. Со помош на специјална математичка анализа пресметуваме осцилации на активирање на невроните на визуелниот кортекс, кои го карактеризираат квалитетот на видот или пак неговото намалување. ТВ екранот кој го прикажува филмот е пуштен за време на периоди на подобар квалитет на видот и се гаси кога состојбата на визуелниот кортекс се карактеризира со намалување на квалитетот на видот.
Нормална мотивација на една личност е да гледа интересен филм без паузи. Мозокот на пациентот потсвесно бара начини да го зголеми времето на гледање на филмот без никакви паузи, па затоа тој ја реорганизира работата на визуелниот кортекс, со што прави постојано невронско активирање. За време на дневните повторувања на оваа постапка (обично 10-20 сесии со времетраење од 15-30 минути), мозокот на пациентот постепено формира нови рефлексни врски обезбедувајќи повисоко ниво на визуелни функции, со стабилен пораст (кај амблиопија и хиперметропија) или пад (кај миопија) на невронската ексцитабилност од визуелниот кортекс.
Така нормалното функционирање на визуелниот кортекс на мозокот е обновен и визуелните функции се значително подобрени. Новитети и предности на оваа техника се можност за реставрација на визуелните функции преку корекција на биоелектричната активност на визуелниот кортекс.
За прв пат нудиме метод за рехабилитација и реставрација на преостаната визуелна функција кај деца со вродени и наследни заболувања на мрежницата и оптичкиот нерв, со секундарни рефрактивни и амблиопични кортикални нарушувања, кои се преклопуваат со присуство на органски нарушувања. Ова се постигнува со подобрување на локализацијата на ретиналниот дел кој прима визуелни информации, т.е. приближувајќи ги кон центарот во случај на неуспех на фавеоларните и макуларните региони, со формирање на нови врски помеѓу мрежницата и визуелниот кортекс и со кортикално-субкортикални пренамени.
Главни предности на овој метод се:
- може да се користи кај помлади дечиња почнувајќи од 3 годишна возраст како и кај средношколци дури и кај возрасни. Неговата ефикасност не зависи од возраста на пациентот времето на почнување со третманите или пак траењето на постоечката болест;
- апсолутно е безбедно не предизвикува дополнителни оштетувања на ретиналниот невроепител во споредба со светлосните методи и може да се користи и кај пациенти со органски оштетувања на оптичката неуроретина;
- кога се користи овој метод нема појачување на пароксизмалната активност на ЕЕГ што ни овозможува да третираме пациенти со комбинирана невролошка патологија (по консултација со невролог);
- обновувањето на визуелната острина може да се повторува зависно од влошувањето на визуелните функции поврзани со возраста на пациентот;
- забавно е по природа и не е проследен со болни или непријатни чувства кај пациентот па така и децата и возрасните ги проследуваат сесиите за визуелна корекција со големо задоволство.
Eye-Light
Што претставува Eye-Light® третман за суво око?
Еye-Light® е револуционерно решение во третманот на суво око. На безболен начин, користејќи IPL технологија, ја стимулира работата на жлездите кои се одговорни за лачење на липидниот дел од солзниот филм. Ова доведува до стабилизирање на солзниот филм и подолго задржување на солзите на површината на окото.
Eye-Light® истовремено ги третира долните и горните капаци на очите. Претставува неинвазивен третман, за кој дури и не е потребно нанесување на гел за време на траење на самиот процес, благодарение на патентираниот и уникатен модул за ладење.
Освен за синдром на суво око, Eye-Light® третманот се користи и кај пациентите по направена операција на катаракта, рефрактивна операција, халазион, блефаритис, како и кај пост-блефаропластика.
Како се изведува третманот со Eye-Light®?
Пред секој третман се прават посебни дијагностички испитувања за да имаме евиденција во состојбата и степенот на сувост на очите, а со тоа да можеме и да го евалуираме резултатот од самиот третман. Овие дијагностички испитувања траат кратко и се доста удобни и безболни за пациентот.
Третманот е целосно автоматизиран и започнува со само 5 безболни светлосни снимки (OPE/IPL) околу окото и на долниот очен капак, со што се предизвикува контракција на крвните садови, а со тоа се зголемува протокот на крв и се зголемува лачењето на антиинфламаторни цитокини.
Потоа следува третман со Meibomask®, кој е исто безболен третман и трае само 15min. Со овој третман се врши директна активација на Meibomian-овите жлезди, ЛЕД-матрицата предизвикува создавање на ендогена топлина и производство на ATP во очните капаци, се отстранува блокадата на жлездите и липидите го комплетираат составот на солзниот филм. Со подобреното присуство на липиди се спречува брзото испарување на солзите. Резултатите се видливи за пациентот уште по само првиот третман!
Parasol® punctal occluder
ШТО Е PARASOL® PUNCTAL OCCLUDER?
Како што сугерира името, овие уреди го оклудираат (блокираат) пунктомот, или солзаниот канал, којшто е дренажен канал што ги извлекува солзите од површината на окото. Во внатрешниот агол на секое око има горен и долен канал. Блокирањето на овие дренажни канали ги спречува солзите да се исушат премногу брзо. Постапката може да се спореди со поставување на затворач во дренажните канали, со што солзите на површината на очите се задржуваат подолго време. Оваа широко спроведенувана процедура е безбедна, брза, безболна и целосно реверзибилна.
Оклудерите се направени од многу мек флексибилен силикон, сличен на оној што се користи во контактните леќи. Иако се едвај видливи со голо око, тие внимателно се произведуваат во исклучително мазен и прецизен дизајн.
ЗОШТО ДА ПОБАРАТЕ PARASOL® PUNCTAL OCCLUDER?
Parasol® Punctal Occluder е лидер во третманот на суво око, поради неговиот уникатен патентиран дизајн којшто овозможува лесно, безболно вметнување и удобно, безгрижно прилагодување. Одличната стапката на задржување значи дека е дизајниран да остане на своето место и квалитетно да работи на олеснување на симптомите на суво око.
Parasol® Punctal Occluder е еден од најнапредните достапни уреди. Неговиот уникатен, патентиран облик е лесен за вметнување, бидејќи автоматски се прилагодува на отварањето на дренажниот солзен канал на пациентот.
Освен тоа, напредниот дизајн овозможува вистинско прилагодување кое, пак, значи поголема удобност на пациентот. Parasol® Punctal Occluder исто така може да ја намали или да ја елиминира главната причина за непријатност за многу носители на контактни леќи или оние кои не можат да толерираат контактни леќи.
Rexon-Eye
Rexon- eyе врвен, неинвазивен и траен третман за сите форми на суво око. Работи со примена на електрични полиња со ниска моќност со висока фреквенција, способни за стимулирање на метаболизмот и природна регенерација на клетките. Терапијата со Rexon-Eye успешно работи за сите типови на суво око. Придобивките за пациентот започнуваат веднаш по третманот и се покажа дека се долгорочни. Самиот третман е пријатен и релаксирачки.
- Терапијата се состои од 4 сесии за третман од по 20 мин со интервал од една седмица.
- Третманот се изведува со контактна електрода вградена во маска која ја носи пациентот со затворени очи.
- Поставувањето и употребата на инструментите се многу едноставни.
- Третманот е пријатен комфорен и релаксирачки за пациентот.
- Терапијата со Rexon-Eye успешно работи за сите типови на суви очи.
- Третманот резултира со придобивки како и долгорочни бенефиции за пациентот што е потврдено со субјективни како и објективни мерења (на пример TBUT продукција на солзи).
- Ефикасноста на Rexon-Eye во третирањето на синдромот на суво око е силно клинички докажана (Pedrotti E. et al. Br J Ophthalmol 2017).