Skip to content

B&L ACE TOPOGRAPH TECHNOLENS (КОРНЕАЛНА ТОПОГРАФИЈА)

Технологија

ОПТИЧКО КОХЕРЕНТНА ТОМОГРАФИЈА – OCT

OCT претставува модерна диагностичка неинвазивна метода, представена за прв пат во клиничната практика во 1997 год.  со која се испитуваат ткивата in vivo. Се базира на комплексни анализи на рефлексија на ниско кохерентна радиација (паралелни светлосни зраци влегуваат во окото и се рефлектираат различно во зависност од  состојбата на ткивото  кое  подлежи на испитување и неговите патолшки промени).

Промедика офталмологија,  располага со Оптичен кохерентен томограф  модел Cirrus HD OCT –Zeiss Meditek.

ЗОШТО CIRRUS OCT-ZEISS?

  1. Oптичко кохерентен томграф чии резултати се признаваат за клинички испитувања.
  2. Висока резолуција која дозволува  визуализација  на  ретиналните слоеви  “in vivo “, слична на хистолошки наод л.1
  3. Има софтвер и за преден и за заден очен сегмент.
  4. Има FDA – (Food and Drug Administration) одобрување за точноста на податоците добиени за NFRL – невроретинален фибриларен слој и  за скен на оптичкиот диск на папилата (оценка за екскавацијата). Резултатите од OCT (анатомски) за Глаукома корелираат со физиолошките промени константирани со HFA-Humphery Field Analizer  (компјутерна периметрија)  само кога е уништен  веќе  30%  од NFRL (во практика анализата на RNFL дава можност да се види анатомска промена пред да настане физиолошката промена.

Структури кои се анализираат во заден очен сегмент се следниве:

  • Макула
  • Оптичен диск ( папила на оптичкиот нерв)
  • Ретинален неврофибриларен слој
  • Ретина

Структури  кои се анализираат од преден очен сегмент:

  • Корнеа  со возможност за мерување на централна корнеална дебелина
  • Иридокорнеален агол

Во апаратот е интегриран систем на база на податоци за компарација (референтен систем), за испитувањата на макула и за ретиналниот неврофибриларен слој и тоа за пациенти на возраст меѓу 17 год и 72 год. вклучително.

ПАТОЛОГИЈА КАДЕ СЕ ПРИЛАГА OCT:

  1. Дупка на макулата и псевдодупка
  2. Лезии во витреоретиналната површина и витреоретинален тракционен синдром.
  3. Фовеална ретиношиза
  4. Епиретинална мембрана (macular pucker)
  5. Едем на макула од различни причини (пост вазооклузивна болест, дијабетичен макулен едем, увеитен макуларен едем итн).
  6. Серозно и хеморагично одлепување на ретината и на пигментниот епител
  7. Макулна дегенерација, јувенилна и сврзана со возраста
  8. Диабетна ретинопатија
  9. Акутни и хронични епителиопатии
  10. Субретинална неоваскуларизација
  11. Интраретинални и преретинални неоваскуларизации
  12. Ретинална атрофија
  13. Глаукома и нејзините секвели

OCT ДАВА ВОЗМОЖНОСТ ДА СЕ ОТКРИЈАТ И ИЗМЕРАТ:

  1. Морфолошки промени
  2. Дебелина на ретината
  3. Дебелината на ретината и ретиналниот невро – фибриларен слој
  4. Волумен на ретината
  5. Различни параметри на дискот на папилата
  6. Напречен пресек на иридокорнеален агол
  7. Напречен пресек на корнеа со возможност за мерење на централната корнеална дебелина (пахиметрија).

ДОБИЕНИТЕ РЕЗУЛТАТИ МОЖЕ ДА СЕ:

  • анализираат
  • квантифицираат (да се изразат графички со цифри и проценти)
  • да се меморираат во хард дискот на самиот апарат, како и да се извадат на електронски носач (Це-Де или дискета)
  • да се прави компарација на резултатите во динамика (пр. резултати од денес да се компарираат со резултати од пред еден месец  за еден исти пациент).
OCT како неинвазивна и безопасна за пациентот метода, дозволува повеќекратно повторување на испитувањето со цел:
  • Следење на прогресија на заболувањето
  • Да се квантифицираат лезиите
  • Да се направаат фармацевтски или постласерски студии

Кога не може да се прави OCT?

  1. Сигнификантно намалена видна острина, невозможност на пациентот да фиксира, обострано.
  2. Непровидност на оптичките медиуми.
  3. Контраиндицирано е при луѓе кои страдаат од епилепсија.
  4. Кај мали деца (не добра кооперабилсност, низок комплајнс).

ЗОШТО OCT?

  • Не – инвазивна,
  • Без – контактна,
  • Безопасна,
  • Брза,
  • Сензитивна, висока резолуција.

Консултација со нашите врвни специјалисти?

0800 301 30