NIDEK SPECULAR MICROSCOPE
Технологија
Спекуларна Микроскопија
Спекуларна микроскопија е не-инвазивна дијагностична процедура за анализа на корнеалниот ендотел. Овозможува детална in-vivo анализа на корнеалниот ендотел во здрави и очи и очи со патолошки промени. Се користи и помага во дијагностицирање на неколку ендотелни патологии.
Спекуларна микроскопија во повеќе зони на корнеата.
Комбинацијата на централно, парацентрално и периферно снимање обезбедува поширок, целосен приказ кој може да се користи за детална морфолошка и квантитативна евалуација на ендотелијалниот слој и поединечните клетки.
Подобрена употребливост и брза анализа.
Функциите за автоматско 3D следење и автоматско снимање резултираат со пријатно искуство за корисникот и за пациентите.
Напредни мануелни анализи на податоците во:
- Централна точка
- Аголна точка
- Изберете шема (зона од интерес)
- Комбинација на авто и мануелни анализи