Skip to content

ZEUSS VISUCAM 524

Технологија

ФЛУОРЕСЦИНСКА АНГИОГРАФИЈА

Флуоресцинската ангиографија претставува снимање на очното дно со специјална камера при кое се користи интравенски контрастна материја Флуоресцин /и или Индоцијанин  за визуализација на крвните садови во фундус . Помага во дијагностика на болести и состојби во задниот дел на окото поврзани со циркулаторни , дегенеративни или воспалителни процеси во фундус.

Апаратот има можост и за обична нативна снимка на очно дно како и со серија од снимки со контраст.

Користи три филтри:

  1. Зелен –за садови
  2. Црвен- хороидеа
  3. Плав- RNFL

Претставува инвазивна дијагностика и секако се прави во исклучителни случаи при индикација дадена од офталмолог.

Консултација со нашите врвни специјалисти?

0800 301 30